„Спорт М Аутлет и МЗТ Скопје фан-шоп“ за вљубениците во сино-белата боја!

2016 16 Авг

Дојде и долго очекуваниот момент на почетокот на функционирање на новиот фан-шоп на МЗТ Скопје Аеродром, кој утре (среда) ќе ги отвори вратите за сите вљубеници во сино-белата боја, но и на квалитетната спортска опрема, со оглед на тоа што истовремено продавницата ќе функционира и како „Спорт М Аутлет“.

Новиот „Спорт М Аутлет и МЗТ Скопје фан-шоп“ се наоѓа во склоп на салата „Јане Сандански“, а во првите пет дека од функционирањето, поточно од 17-21 август, сите посетители ќе добијат попуст од 20-отсто на целиот асортиман во продавницата.

Навивачите на петкратниот македонски шампион ќе може на едно место да најдат голем број артикли со логото на МЗТ Скопје, почнувајќи од шалови, капи, дресови, маици, ранци... Отворањето на фан-шопот е уште една од низата активности на управата кои се прават во чест на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на клубот.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page