Потсетување на квалитетите на искусниот Мејси! (ВИДЕО)

2016 10 Авг

Незгоден левучар, кој знае да шутне, да игра со лице кон кошот, атрактивно да забие, но и да го надмудри противникот завртен кон него со грбот, се само дел од квалитетите кои стојат во описот на квалитетите на Џеремаја Мејси, најновото засилување на МЗТ Скопје.

Американецот со македонски пасош зад себе има четири сезони во Евролигата и тоа две како член на Арис, а по една додека играше за Реал Мадрид односно за Бросе баскет. Со Локомотив Кубан играше и во Еврокупот, натпреварување во кое ќе настапува и сезонава во сино-белиот дрес на шампионот. Во биографијата му е запишано дека одиграл 65 евролигашки средби со просек од 12 поени и 6,4 скока како и 14 во второто по квалитет натпреварување со просек од 15,9 поени и 8,4 скока.

Мејси е поранешен македонски репрезентативец со 12 официјални средби одиграни во жолто-црвениот дрес. Во продолжение е видео со дел од неговите најдобри потези во досегашната кариера.

Медија

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page