Среќен роденден за Ѓорѓе Дреновац!

2016 09 Авг

Српскиот кошаркарски интернационалец, Ѓорѓе Дреновац, на стартот на подготовките за следната сезона, закажани за в понеделник (15 август), иако со мало задоцнување, сепак, ќе треба да се појави со торта за соиграчите и за стручниот штаб со оглед на тоа што денеска го прославува својот 24. роденден.

Србинот беше еден од носителите на играта на МЗТ Скопје Аеродром во минатата сезона, а неодамна го обнови договорот со нашиот тим за уште една година. Станува збор за играч кој игра на позицијата ниско крило и кој со својата игра и залагање беше меѓу најзаслужните за двојната круна освоена во минатиот шампионат. Дреновац минатата сезона во АБА-лигата имаше просек од 14,9 поени и 4,4 скока додека во домашното првенство просечно реализираше 15,8 поени.

Интернационалецот досега во кариерата има играно и за српска Мега Визура, австриска Аркадија, италијанскиот тим Бјанкоблу баскет од Болоња, а во таборот на МЗТ Скопје стигна пред повеќе од една година и тоа од босанскиот тим Игокеа.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page