МЗТ Скопје по вторпат дел од турнирот „Мирза Делибашиќ“

2016 27 Јул

Актуелниот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, кон средината на септември ќе настапи на силен меѓународен турнир во Сараево, кој го носи името и традиционално се одржува во чест на еден од најдобрите играчи на просторот на поранешна СФР Југославија – Мирза Делибашиќ (1954-2001).

На собирот во босанската престолнина покрај македонскиот првак ќе настапат уште и организаторот Босна Ројал, хрватска Цедевита и црногорска Будуќност. Средбите ќе се одиграат на 16 и на 17 септември според принципот полуфинале-финале, а ждрепката на двојките ќе се направи непосредно пред почетокот на турнирот.

За МЗТ Скопје Аеродром ова ќе биде второ учество на манифестацијата која го носи името на легендарниот Кинџе. Првпат тоа беше во 2012 година, кога беше освоен и победничкиот пехар по победите над Сплит (85-78) во полуфиналето односно над Босна (89-62) во големото финале. Тогаш тренер на екипата беше Александар Тодоров, а со него работеше Александар Јончевски, кој и годинава е дел од стручниот штаб на тимот од „Јане Сандански“.

Настапот на турнирот во Сараево за сино-белите ќе биде одлична можност за проверка на силите на две недели пред стартот на АБА-лигата, а еден месец пред првиот дуел во Еврокупот и тоа против силни противници против кои ќе се сретнат во едното (Цедевита) односно двете (Будуќност) од овие натпреварувања.

Ова ќе биде 12-то издание на собирот во чест на поранешниот југословенски репрезентативец Делибашиќ, кој како играч на Босна дојде до титулата европски шампион во 1979 година. Зад популарниот Кинџе се повеќе од 700 средби одиграни во дресот на популарните „студенти“ од главниот град на БиХ, за кои има постигнато повеќе од 14.000 поени.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page