Американецот Џош Скот е нов член МЗТ Скопје Аеродром!

2016 26 Јул

Доскорешниот играч на Колорадо универзитетот од американската НЦАА-лига, Џош Скот (23 год, 208 см) е најновата аквизиција на МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок, пред напорната сезона во која шампионот го очекуваат исклучително тешки пресметки, пред сѐ во Еврокупот и во АБА-лигата.

Американецот игра на позицијата „четири“ и зад него се повеќе од 1.700 поени, 900 скока и сто блокади за време на четиригодишниот престој во колеџот, кој е лоциран во близина на Денвер. За Скот, настапот во дресот на „металците“ ќе биде дебитантски на европската кошаркарска сцена, откако претходно има настапувано само за „Луис-Палмер“ средното училиште. Во последната средношколска сезона имал просек од 28,5 поени, 11 скока и 2,5 блокади и низа од 27 победи со својот тим.

Крилниот центар официјално е третото засилување за МЗТ Скопје Аеродром летово, откако претходно потпис на договорот со сино-белите ставија Холанѓанецот Шарлон Клоф и повратникот Ѓорѓе Дреновац. Екипата од „Јане Сандански“ во новата сезона ќе ја предводи Емил Рајковиќ, а со него ќе работи и доскорешниот прв стратег, Александар Јончевски.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page