Ѓорѓе Дреновац го продолжи договорот со МЗТ Скопје Аеродром

2016 25 Јул

Српскиот кошаркарски интернационалец, Ѓорѓе Дреновац (23 год., 201 см.) и во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако постигна договор за продолжување на соработката со шампионот за уште една година.

Станува збор за играч кој игра на позицијата ниско крило и кој со својата игра и залагање беше меѓу најзаслужните за двојната круна освоена во минатиот шампионат. Дреновац во АБА-лигата имаше просек од 14,9 поени и 4,4 скока додека во домашното првенство просечно реализираше 14,3 поени.

Србинот, кој во „Јане Сандански“ дојде од таборот на Игокеа, е второ играч кој летово официјално потпиша договор со МЗТ Скопје Аеродром, по Холанѓанецот Шарлон Клоф. Претходно, во улога на шеф на стручниот штаб, беше промовиран Емил Рајковиќ, со кого заедно ќе работи и досегашниот прв тренер, Александар Јончевски.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page