Почнуваме со десет „пеколни“ средби – по една на три дена!

2016 25 Јул

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе имаат исклучително тежок старт на новата сезона со оглед на тоа што во првите триесетина дена ги очекуваат десет средби и тоа против исклучително силни ривали меѓу кои има шест сегашни или поранешни евролигаши.

Октомврискиот „пекол“ почнува на првиот ден од месецот (според провизорниот распоред на АБА-лигата), кога избраниците на тренерот Емил Рајковиќ ќе му гостуваат на актуелниот регионален шампион, Црвена звезда. Во следните неколку дена, сино-белите ги очекуваат уште три силни „јадрански“ дуели и тоа против Партизан и Цибона дома и против Цедевита на теренот на противникот.

На 12 октомври ја почнуваме приказната наречена Еврокуп и тоа како гости на една од најдобрите шпански екипи во последната деценија, Уникаха од Малага. Руски Зенит од Санкт Петербург и Будуќност е предвидено да гостуваат во „Јане Сандански“, а со пресметките против Задар и Мега лекс на теренот на ривалите и против Хелиос пред своите гледачи го заокружуваме распоредот, кој дефинитивно е во НБА-стил.

За нијанса помали се обврските на МЗТ Скопје Аеродром во месец ноември, кога кошаркарите ќе одиграат девет натпревари додека во последниот месец од годината шест пати ќе истрчаат на терените и тоа против ривали и од АБА-лигата и од Еврокупот.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page