Испечатете ја страната

Официјално: МЗТ Скопје потпиша договор со Еди Синадиновиќ

2015 28 Сеп

КК МЗТ Скопје Аеродром и официјално ја договори соработката со српскиот интернационалец Еди Синадиновиќ. Со ангажманот на Синадиновиќ (193, 27г) се решава проблемот кој настана на плејмејкерската позиција по повредите на Немања Протиќ и Марко Љубичиќ, кои во наредниот период нема да бидат во можност да настапуваат за МЗТ Скопје. За Синадовиќ ова ќе биде втор настап за македонскиот кошаркарски шампион, а претходно беше член во сезоната 2009/2010.