Испечатете ја страната

МЗТ Скопје подобар од унгарска АЛБА 68-61

2015 13 Сеп

На последниот натпреварувачки ден од турнирот Антонио Алексе, кошаркарите на  МЗТ Скопје Аеродром беа подобри од унгарскиот состав АЛБА Фехервар со резултат 68-61. Најефикасни играчи во редовите на МЗТ Скопје Аеордорм беа Ѓорѓе Дреновац и Душко Буниќ со по 13 поени, додека Данило Мијатовиќ постигна 10 поени. По завршувањето на турнирот, екипата на МЗТ Скопје се враќа назад за Скопје каде што во наредните денови ќе продолжи со тренинзите на кои што се очекува да се приклучат репрезентативците Дамјан Стојановски, Марко Симоновски и Љубомир Младеновски.