Испечатете ја страната

Пораз од домаќинот Орадеа во продолжението 98-94

2015 12 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го доживеа првиот пораз на турнирот "Антонио Алексе", откако вечерва беа совладани од домаќинот Орадеа со резултат 98-94 по едно продлжение. Во регуларните 40 минути средбата заврши нерешено 82-82. Најдобар поединец кај  МЗТ Скопје Аеродром беше Марко Љубичиќ со 20 поени, 8 асистенции, 7 скока и 5 украдени топки. Данило Мијатовиќ постигна 16 поени, Дреновац имаше 15п, додека Буниќ и Луковиќ средбата ја завршија со по 13 поени.


Во недела од 09.30ч по македонско време, МЗТ Скопје го игра последниот натпревар на овој турнир, а за противниќ го има тимот на Алба Фехервар од Унгарија.