Испечатете ја страната

МЗТ Скопје стартуваше со победа во Романија

2015 12 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа тимот на Интер од Братислава со резултат 83-67 со што ја остварија првата победа на турнирот "Антонио Алексе" кој се одржува во Орадеа, Романија. Македонскиот шампион одигра сигурно во текот на целиот меч и сосема заслужено дојде до победата. Ѓорѓе Дреновац со 17 поени и 8 скока беше прв играч на натпреварот. Немања Протиќ и Марко Љубичиќ постигнаа по 15 поени, Луковиќ беше стрелец на 13 поени, додека Душко Буниќ средбата ја заврши со 10 поени.

Денеска од 18.00ч, МЗТ Скопје го игра вториот натпревар против домаќинот Орадеа.