Дамјан Стојановски продолжува во МЗТ Скопје

2015 20 Авг
 
Македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски потпиша нов договор со тимот на МЗТ Скопје Аеродром, кој ќе важи до крајот на натпреварувачката сезона 2015-2016. Поради здобиената повреда во текот на минатата сезона, Дамјан Стојановски одигра само девет натпревари во дресот на македонскиот шампион. Во петте настапи од АБА лигата тој имаше просек од 11 поени 2 скока и 1.6 асистенции, додека во домашниот кошаркарски шампионат на четири средби оствари просечен учинок од 10.8 поени, 3.5 скока и 3.3 асистенции.  Тој се очекува да се приклучи на подготовките на МЗТ Скопје по завршувањето на неговите обврски со националниот тим.
УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page