Испечатете ја страната

Официјално: Марко Симоновски продолжува со МЗТ Скопје

2015 13 Авг

Марко Симоновски е вториот играч од минатогодишниот ростер кој ја продолжи својата верност кон МЗТ Скопје и за сезоната 2015/2016.  Во неговата прва година со МЗТ Скопје тој оствари просек од 7.8 поени и 2.2 скока во АБА лигата, односно 9.4 поени и 2.4 скока во домашниот кошаркарски шампионат.  Марко Симоновски ќе се приклучи на подготовките на МЗТ Скопје по завршувањето на Европското првенство.