Испечатете ја страната

Ѓорѓе Дреновац ново име во МЗТ Скопје

2015 10 Авг

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром ангажира уште едно ново име во своите редови. Се работи за српскиот интернационалец Ѓорѓе Дреновац (23г, 201см) кој настапува на крилната позиција и кој ќе биде засилување во составот на МЗТ Скопје. Дреновац во својата кариера има настапувано за Аркадиа, Болоња, Ваљадолид, додека во МЗТ Скопје доаѓа од екипата на Игокеа со која што стана и шампион на Босна.