Испечатете ја страната

Официјално: Марко Љубичиќ нов играч на МЗТ Скопје

2015 09 Авг

Српскиот плејмејкер Марко Љубичиќ е нов играч на македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром. Љубичиќ (28г, 196см) во својата кариера има настапувано во повеќе кошаркарски клубови, мегу кои и Суперфунд, Будучност, Металац, Икарос, Черкази, Меридиана, Баскет Манреса. Минатата сезона Љубичиќ ја помина во дресот на Металац од Ваљево, каде што имаше просечен учинок од 7.5 поени и 4 асистенции по натпревар во АБА лигата, односно 9.2 поени и 3 асистенции по натпревар во српскиот кошаркарски шампионат.