Познат распоредот за новата сезона во АБА лигата

2015 17 Јул

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром на 2-ри Октомври во Љубљана против Унион Олимпија ќе ја започне новата сезона во АБА лигата. Натпреварувањето исто како и ланската сезона ќе брои 14 клубови, кои ќе одиграат вкупно 26 кола, по кои ќе следува плејоф.  Првиот домашен натпревар на македонскиот шампион е закажан за 4-ти Октомври против екипата на Металац од Ваљево. Згуснат распоред со дури 5 натпревари во 9 дена за сите екипи учеснички, а меѓу нив и дебитантскиот настап на словенечкиот првак Тајфун, како и  квалификантот кој допрва ќе биде познат, ќе го затворат кругот на 14-те екипи кои ќе настапуваат во новата сезона на АБА лигата.

 

РАСПОРЕД ЗА НАТПРЕВАРИ ВО АБА ЛИГА ЗА СЕЗОНА 2015/2016
     
     
КОЛО ДАТА НАТПРЕВАР
1 02.10.2015 Унион Олимпија-МЗТ Скопје Аеродром
2 04.10.2015 МЗТ Скопје Аеродром-Металац Фармаком
3 06.10.2015 Партизан – МЗТ Скопје Аеродром
4 09.10.2015 Мега Лекс-МЗТ Скопје Аеродром
5 11.10.2015 МЗТ Скопје Аеродром-Игокеа
6 17.10.2015 Квалификант- МЗТ Скопје Аеродром
7 24.10.2015 МЗТ Скопје Аеродром- Цибона
8 31.10.2015 Крка- МЗТ Скопје Аеродром
9 07.11.2015 МЗТ Скопје Аеродром-Црвена Звезда
10 14.11.2015 Будучност-МЗТ Скопје Аеродром
11 21.11.2015 МЗТ Скопје Аеродром- Задар
12 28.11.2015 Тајфун-МЗТ Скопје Аеродром
13 05.12.2015 МЗТ Скопје Аеродром-Цедевита
14 12.12.2015 МЗТ Скопје-Унион Олимпија
15 19.12.2015 Металац Фармаком-МЗТ Скопје Аеродром
16 23.12.2015 МЗТ Скопје Аеродром-Партизан
17 27.12.2015 МЗТ Скопје Аеродром-Мега Лекс
18 03.01.2016 Игокеа-МЗТ Скопје Аеродром
19 09.01.2016 МЗТ Скопје Аеродром-Квалификант
20 16.01.2016 Цибона-МЗТ Скопје Аеродром
21 23.01.2016 МЗТ Скопје Аеродром-Крка
22 30.01.2016 Црвена Звезда-МЗТ Скопје Аеродром
23 06.02.2016 МЗТ Скопје Аеродром-Будучност
24 13.02.2016 Задар МЗТ Скопје Аеродром
25 27.02.2016 МЗТ Скопје Аеродром-Тајфун
26 05.03.2015 Цедевита-МЗТ Скопје Аеродром
УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page