Испечатете ја страната

Синовец се врати во МЗТ Скопје

2014 23 Дек

Стефан Синовец се враќа во тимот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска го стави својот потпис за настап со македонскиот шампион до крајот на натпреварувачката сезона 2014/2015. Синовец сезонава ја започна во екипата на Шолнок и по 13 одиграни средби во АБА лигата оствари просек од 10.5 поени и 4 скока по натпревар, односно 10 одиграни натпревари во ЕВРОКУПОТ со просек од 7.9 поени и 6.1 скок по одигран натпревар. Стефан Синовец минатата сезона со тимот на МЗТ Скопје Аеродром ја освои двојната круна. 

Во исто време, КК МЗТ Скопје Аеродром информира дека спогодбено е раскинат договорот со српскиот интернационалец Иван Маринковиќ. Маринковиќ дојде во МЗТ Скопје во декември минатата година и имаше значителен придонесе во освојувањето на двојната титула.. КК МЗТ Скопје Аеродром му посакува многу успех во понатамошната кариера.