БЕКО стана спонзор на младинската школа на МЗТ Скопје Аеродром

2014 19 Ное

Беко стана главен спонзор на една од најомилените младински кошаркарски школи во Македонија – МЗТ Скопје и реши да биде нивни постојан поддржувач на патот кон успехот верувајќи во паметните генерации и во моќта на спортот да направи разлика.

 

Големата страст на БЕКО за спортот доаѓа од вербата во ревитализациската моќ на спортот да го подобри животот, па затоа БЕКО активно го поддржува спортот во различни гранки, како кошарка и фудбал.

 

 

 

Беко помогна во спојувањето на милиони кошаркарски фанови за време на спонзорството на Европското првенство - ФИБА Еуробаскет во 2013 година во Словенија, како и на ФИБА Светското првенство во кошарка кое се одржа во Шпанија во септември 2014 година.

 

Најголемата спортска посветеност се случи во јуни 2014 година, кога Беко потпиша глобален договор за спонзорство со фудбалскиот клуб Барселона, со што двата светски познати брендови - Беко и ФК Барселона – се споија во едно партнерство.

 

 

Повеќе од 60 години Беко го движи идејата за постојан предизвик и развој. Овој бренд има повеќе од 440 милиони потрошувачи во светот и е втор по големина бренд за бела техника во Европа. Присутен е во повеќе од 130 земји во светот. Од Велика Британија до Полска, од Ангола до Сингапур, без разлика од каде се неговите успешни приказни, секоја од нив започнува со инспирација за промена на подобро.

 

Беко е присутен и достапен за сите клиенти во Македонија преку својот генерален увозник и дистрибутер - Нептун.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page