Тимот што победува не се менува: „УНИ Банка“ и петта година на дресот на МЗТ!

2021 15 Окт

Сигурно една од најдобрите компании од финансиската сфера во нашата држава, „УНИ БАНКА“, продолжува да „држи“ лекции за тоа како треба да изгледа една општествено-одговорна компанија кај нас, со континуирано вложување во македонскиот спорт, откако и петта сезона по ред ќе биде еден од столбовите во спонзорскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром.

Дури и во овие кризни времиња, поради глобалната пандемија со коронавирусот, „УНИ Банка“ насочи солиден дел од својот капацитет за помош на нашиот клуб, со цел достојно да ја претставиме Македонија на регионална сцена. Тимот што победува не се менува, со оглед што нашиот тим со помош на големиот пријателја освои двојната круна минатата сезона, нешто што се надеваме дека ќе го сториме и во претстојната, по што потоа заеднички ќе го прославиме големиот успех.

Станува збор за една од најреномираните финансиски институции кај нас, која нуди широк спектар банкарски активности, почнувајќи од прибирање депозити, одобрување кредити на правни и физички лица, услуги во домашниот и во меѓународниот платен промет, до посредување во купопродажбата на девизи и хартии од вредност. Банката има околу 400 вработени, кои опслужуваат преку 200.000 клиенти во 30 експозитури, со голем број банкомати и е една од првите што воведе чип како заштитна технологија заедно со електронското плаќање преку интернет.

Се надеваме дека нашата заедничка успешна приказна со „УНИ Банка“ ќе биде и мотив повеќе за останатите општествено-одговорни компании кај нас да станат дел од нашиот победнички тим и да ни помогнат достојно да ја претставуваме Македонија како во регионот така и на европска сцена, како и да ја продолжиме доминацијата на домашна сцена која трае цела деценија.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page