Испечатете ја страната

Најмладите таленти на МЗТ Скопје ќе настапат на меѓународниот турнир „Гази Баба 2019“

2019 19 Дек

Кошаркарите на возраст од девет и десет години кои тренираат во школата на МЗТ Скопје Аеродром в недела ќе настапат на силен меѓународен предновогодишен турнир „Гази Баба 2019“, кој за првпат ќе се одржи во салата на основното училиште „Крсте Мисирков“, а кој со сигурно ќе се игра и во иднина како кошаркарски симбол на оваа скопска општина.

Покрај нашиот тим, на овој мини-баскет собир ќе настапат и екипите на Феникс, МВП и Вардар од Скопје, како и Плеј 017 од Бујановац и Пантери од Врање. Тимовите се поделени во две групи, а сино-белите момчиња во првата фаза ќе играат заедно со МВП и со Плеј 017. Двата првопласирани ќе продолжат во полуфиналето, од каде што според нокаут-систем ќе се дојде до победникот.

МЗТ Скопје ќе го отвори турнирот против МВП (10 часот), а час иполовина подоцна ќе игра против Плеј 017. Потамошните наши средби зависат од резултатите од овие два натпревари.

Организаторот планира вистински мини-баскет спектакл на кој, како гости, ќе се појават и многу познати имиња од сениорската кошарка, меѓу кои ќе бидат нашиот тренер, Ѓорѓи Кочов и капитенот Дамјан Стојановски.