Испечатете ја страната

Марко Симоновски повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром

2019 22 Ное

Македонскиот репрезентативец Марко Симоновски (30 год, 191 см) повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако двете страни денеска со взаемна согласност и на обострано задоволство потпишаа раскин на договорната соработка.

Искусниот бек-шутер од 2016 година беше дел од нашиот тим и имаше свој придонес во последните две шампионски титули на нашиот клуб, како и на таа во 2015 година во својата прва сезона во сино-белиот дрес.

МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарува на сѐ што досега прикажа настапувајќи за нашата екипа и му посакува сѐ најдобро во продолжението од кариерата.