Младите ја искористија шансата: МЗТ Скопје Аеродром лесно го преслуша Шкупи!

2017 18 Окт

Без никакви проблеми, лесно и убедливо, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа Шкупи (97-71) во денешниот последен меч од 2. коло од Првата лига, со што дојдоа до првата победа во новата сезона на домашна сцена.

Разликата во класа беше очигледна, што му овозможи на тренерот Александар Тодоров целосно да го одмори капитенот Дамјан Стојановски и да им даде поголема минутажа на помладите во тимот. Андреј Маслинко најдобро ја искористи укажаната шанса со дабл-дабл учинок со 16 поени и 12 скока, а повеќе од солиден беше и 19-годишен бугарски интернационалец Јордан Минчев, кој средбата ја заврши со 13 поени и шест скока. Даниел Џенсен беше најпрецизен кај аеродромци со 21 поен, додека Бојан Трајковски постигна 14.

Следен противник на сино-белата чета е загрепска Цибона, која ќе ни гостува в понеделник во рамки на 5. коло од АБА-лигата, додека следната среда ќе ѝ гостуваме на Струмица во средба од македонската кошаркарска елита.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page