Пуштени се во продажба билетите за мечот со Карпош Соколи!

2017 10 Окт

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром би сакал да ја информира спортската јавност кај нас дека од денеска во продажба се пуштени влезниците за средбата против Карпош Соколи, кој на 12 октомври (четврток) од 18 часот ќе се одигра во големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“ и тоа во рамки на првата рунда од домашната Прва лига.

Цената на билетите за репризата на плејоф-финалето од минатата сезона изнесува 100 (сто) денари, а истите може да се купат на касата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page