МЗТ Скопје Аеродром доби покана за 20-дневна турнеја во Кина!

2017 06 Јул

Доминацијата на домашната сцена и шесте освоени титули во низа на МЗТ Скопје Аеродром добија свој оддек и на светската сцена, откако во канцеларијата на клубот денеска дојде официјална покана за 20-дневна турнеја во далечната Кина, каде што сите трошоци (пат и сместување) би била платени од организаторот.

Иницијативата доаѓа од кошаркарската федерација на кинеската провинција Џиангсу, која нѐ кани на меѓународниот турнир „Четири нации“ на кој покрај сино-белите ќе настапат уште репрезентацијата на Порторико, силна универзитетска селекција од САД како и најдобрите четири екипи од првенството на Кина. Според предложеното, МЗТ Скопје Аеродром би одигра 8-12 натпревари во терминот помеѓу 20 септември и 10 октомври.

Поканата најверојатно нема да биде прифатена поради совпаѓање на календарот за почеток на АБА-лигата (1 октомври), но и самата покана за искажување на клупскиот квалитет кај азискиот џин е признание само по себе за шесткратниот шампион. Но, управата на клубот сѐ уште нема испратено дефинитивен одговор, а во следните денови ќе се разгледаат сите опции односно дали би можело да се најде некаков компромис околу термините со што оваа исклучително силна турнеја во Кина би можело да биде реализирана.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page