Испечатете ја страната

Со Кожув ќе играме в четврток во малата сала, а влезот ќе биде – бесплатен!

2017 10 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром натпреварот од 7. коло од Суперлигата против Кожув наместо следниот викенд ќе го одиграат неколку дена претходно и тоа в четврток во малата сала од спортскиот центар „Јане Сандански“.

Зафатеноста на арената, но и желбата да се избегне играњето за време на прославата на големиот христијански празник Велигден се главните причини за ваквиот потег на управата на клубот, кој според актите беше одобрен од противничката екипа и од канцеларијата на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Празничниот дух воедно е причина за отворање на вратите за овој натпревар, односно за одлуката за бесплатен влез за мечот со против секогаш незгодниот и квалитетен тим од Гевгелија. Ова е своевиден велигденски подарок за сите навивачи и симпатизери на МЗТ Скопје Аеродром како и за сите други вљубеници во кошаркарскиот спорт.

Се гледаме в четврток во малата сала од спортскиот центар „Јане Сандански“. Средбата почнува во 19 часот.