МЗТ Скопје Аеродром домаќин на Куманово во реприза на ланското плејоф-финале!

2017 05 Апр

Со победничка атмосфера и голема самодоверба, по низата од четири победи по стартот на Суперлигата, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го нагостат тимот на Куманово (18 часот), во меч од 5. коло од овој дел од домашното првенство.

Сино-белите покажаа карактер и квалитет во саботното дерби против Карпош Соколи, во кое беше обезбедена голема победа по едно продолжение, нешто што би сакале да го повторат и на денешната пресметка со кумановци. Ова воедно е и реприза на ланското плејоф-финале, што секако дава дополнителен шмек на овој дуел. Тренерот Анте Назор повторно нема да може да смета на повредените Душан Катниќ и на Стефан Синовец, но тоа ќе биде шанса останатите да го дадат својот максимум и да ги пополнат празнините во составот.

Се наоѓаме во победничка серија, која донесе психолошка стабилност во екипата, а што, пак, е значаен предуслов за добра игра на вечерашниот дуел против Куманово. Треба да бидеме борбени, агресивни и пред сѐ растрчани бидејќи противникот има свои квалитети кои воопшто не се за потценување, а кои ќе дојдат до израз само ако ние им го допуштиме тоа.

Во преден план тука се моторите на екипата, Караџовски и Браун, од кои зависат многу работи во составот на кумановци поради што треба да бидеме максимално внимателни во одбраната. Не смеат да се заборават ниту останатите играчи, пред сѐ Јаневски, кој може да одигра добро и на надворешните и на внатрешните позиции.

Ќе пробаме со агресивност да ја отежнеме соработката помеѓу одличните плејмејкери и останатиот дел од тимот и ако успееме во тоа тогаш ќе завршиме најголем дел од работата на патот кон посакуваната цел. Истовремено, ќе мора да го диктираме ритамот на натпреварот и со голема енергија и ротација да дојдеме до петтата победа по ред во Суперлигата.

Играме добро, влегуваме во посакуваната форма што се надевам дека е препознаено и од страна од нашите навивачи и следбеници поради што ги повикувам и денеска да дојдат на трибините и да ни помогнат да оствариме уште еден значаен триумф“, вели хрватскиот стратег на клупата на МЗТ Скопје Аеродром.

Билетите за оваа реприза на ланското плејоф-финале се веќе во продажба и тоа по цена од 100 (сто) денари, а ќе може да се купат на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page