Назор: Победата над Карпош Соколи ќе ја подобри хемијата и атмосферата во тимот!

2017 01 Апр

Хрватскиот стратег на клупата на МЗТ Скопје Аеродром, Анте Назор, делуваше максимално исцрпено по вечерашниот дуел против Карпош Соколи, во кој неговите избраници повеќе пати го „шетаа“ од пеколот до рајот, за на крај успеат да дојдат до толку посакуваната победа на теренот на противникот.

Ние дојдовме да победиме, а играчите успеаја тоа да го остварат на паркетот. Имаше доста грешки, но покажавме дека сме тим. Доста бевме разнишани со доаѓањето и заминувањето на значаен дел од играчите, поради што постијано моравме да ја градиме екипата. Победата над Карпош Соколи ќе ни ги подобри тимските односи, а дефинитивно ќе ја подобри хемијата. Имаме шанса да бидеме вистински тим до крајот на сезоната и да ги исправиме сите грешки. А, грешките подобро се поправаат со победи, отколку со порази. Покажавме победнички менталитет, кога губевме двоцифрено демонстриравме заеднички дух. Противникот беше крајно незгоден, за што говорат нивните мечеви на домашен терен оваа сезона и пресреќен сум од остварената победа“, изјави Назор.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page