Испечатете ја страната

Карпош Соколи - МЗТ Скопје 63-71

2016 20 Мар

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром го совлада составот на Карпош Соколи на гости со резултат 63-71 и со тоа ја забележа 19.та победа во 21.от меч од националниот кошаркарски шампионат. МЗТ Скопје до победата дојде со добра игра во втората и третата четвртина, откако претходно имаше проблеми во почетниот период кој што домашните го добија со резултат 14-10.  Добрата игра во втората и третата четвртина на МЗТ Скопје му донесе двоцфрена предност која рутинирано успеа да ја задржи во последниот период од средбата за нов триумф над Карпош Соколи.

Урош Луковиќ одигра одличен меч со 27 постигнати поени, 11 скока и 5 блокади. Со двоцифрен поентерски учинок беа уште и Ѓорѓе Дреновац со 12 поени и Марко Луковиќ кој постигна 10 поени.

Кај Карпош Соколи, Душан Кнежевиќ со 22 поени беше најефикасен играч.

МЗТ Скопје својот следен меч ќе го одигра во петок (25.03.2016) кога во СЦ Јане Сандански гостува тимот на Бест Гевгелија.