Испечатете ја страната

МЗТ Скопје убедливо против Кожув 74-48

2016 11 Мар

Во последниот натпревар од 18.то коло кој се одигра вечерва во СЦ Јане Сандански, тимот на МЗТ Скопје Аеродром го совлада Кожув со убедлив резултат 74-48.

МЗТ Скопје одлично го започна натпреварот. Со добра одбрана и балансиран напад,  актуелниот шампион многу брзо создаде двоцифрена предност, а на полувреме замина со високи 25 поени позитива (41-16).
Третата четвртина повторно донесе доминанта игра на домашниот кошаркари, додека Кожув единствено успеа да ја намали висока разлика во последниот период кој што го доби со  резултат 23-16.


Скоро сите кошаркари на МЗТ Скопје кои земаа учество на оваа средба се запишаа во листата на стрелците, со исклучок на американецот Картер.  Немања Протиќ беше прв стрелец со 13 поени. Ѓорѓе Дреновац постигна 12, додека Урош Луковиќ 11 поени.

Кај гостите од Гевгелија, Иван Тодоровиќ беше најдобар со 16 постигнати поени.

МЗТ Скопје својот следен меч ќе го игра исто така на домашен терен и тоа во вторник (15.03) против составот на Куманово.