Испечатете ја страната

МЗТ Скопје поуспешен од Фени Индустри (77-65)

2015 12 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја остварија и втората победа во Суперлигата, откако вечерва на домашен терен го совладаа составот на Фени Индустри со резултат 77-65.
Избраниците на тренерот Алеш Пипан го стартуваа мечот со агресивна игра во одбраната и создадоа предност од 15 поени на крајот на првиот период.  Стекнатата предност МЗТ Скопје ја одржуваше и во текот на преостанатите три четвртини, а на моменти изнесуваше и максимални 21 поен разлика.

Стефан Синовец постигна 18 поени на кои додаде и 4 украдени топки. Предраг Самарџиски беше стрелец на 17 поени заедно со 13 скока. Со двоцифрен број на поени беа уште и Александар Чапин со 14, односно Сеад Шеховиќ со 13 поени.
Кај Фени Индустри. Брендон Вуд постигна 12 поени, додека Анте Машиќ средбата ја заврши со 11 поени.