Испечатете ја страната

Куманово-МЗТ Скопје Аеродром 70-77

2014 03 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележааа петтата победа во домашниот шампионат, откако вечерва го совладаа тимот на Куманово нагости со резултат 77-70. МЗТ Скопје имаше целосна контрола врз резултатот во текот на целиот меч и сосема заслужено дојде до нов триумф.

Александар Цветковиќ со 15 поени, 8 скока и 8 асистенции беше најдобар поединец во победничкиот состав. Покрај него, двоцифрен учинок имаа уште Дамјан Стојановски со 13 поени, Маринковиќ со 12 поени, Шеховиќ и Симоновски со по 10 поени.

Следниот натпревар избраниците на тренерот Боби Митев го играат веќе во недела, кога во рамките од АБА лигата во Скопје гостува тимот на Левски од Софија.