МЗТ Скопје има нов експерт за кондиција – Кристијан Кајчевски!

2021 07 Сеп

Поранешниот македонски репрезентативец во традиционално карате и актуелен селектор на атлетската национална селекција, Кристијан Кајчевски, е новиот кондициски тренер на МЗТ Скопје Аеродром, кој во иднина ќе биде задолжен за физичката подготовка на нашите кошаркар.

Станува збор за еден од најдобрите во својата професија во Македонија, кој изминативе години соработуваше со повеќе клубови во разни спортови, како и со кошаркарските репрезентации во повеќе возрасни категории. Тој воедно работи индивидуално со спортисти од сите профили со цел да придонесе за нивниот напредок во делот на експлозивноста, силата, координацијата и кондицијата.

Популарниот Кајче, кој воедно е и професор во ДСУ „Методија Митевски-Брицо“, во следниот период целосно ќе им се посвети на потребите на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, со цел да ги подобри нивните перформанси и да го извлече максимумот од секој поединец. Тренерот Дарко Радуловиќ со аквизицијата на Кајчевски во стручниот штаб добива докажан и признат професионалец, кој дефинитивно ќе ги крене стандардите на работата и ќе придонесе во обидот да се остварат најдобрите можни резултати на домашна и меѓународна сцена.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page