Ресторан „Де Гама“ ќе продолжи да се грижи за исхраната на нашите кошаркари!

2021 19 Авг

Спортски напредок и успех никако не е можен без правилна и балансирана исхрана, според стандардите на врвните спортски нутриционисти, поради што МЗТ Скопје Аеродром веќе неколку години наназад соработува со ресторанот „Де Гама“, каде што нашите кошаркари го добиваат тоа што најмногу им е потребно по напорните тренинзи.

Станува збор за познато и признато место, каде што може да се ужива во врвна храна во извонреден амбиент и каде што секој гостин се третира како најважен и најпосебен. „Де Гама“ се наоѓа во трговскиот центар „Бисер“ во срцето на Аеродром и важи за ресторан во кој гарантирано ќе ги разгалите сите сетила. Сопственикот Алек Свирев и целиот персонал прават буквално сѐ нивните гости да уживаат како во модерното уредување и беспрекорната чистота, така и во гурманските специјалитети на нивните готвачи.

Станува збор за луѓе кои истовремено се големи навивачи на МЗТ Скопје Аеродром, без чија несебична помош нашите кошаркари не би можеле да го дадат својот максимум на теренот. „Де Гама“ воедно важи за традиционално собиралиште по секој голем успех на нашиот клуб во последните неколку години, за што пример се фантастичните прослави на пехарот во Купот на Македонија, а посебно шампионската титула освоена неодамна.

Се надеваме дека со нивна несебична помош, која доаѓа дури и во овие тешки времиња оптоварено со пандемијата, ќе го повториме овој голем успех и во следната сезона, со цел сите на кои во вените им тече плаво-бела крв повторно да се соберат и да слават токму во „Де Гама“. А дотогаш, тие, но и сите останати, ќе може да уживаат во љубезноста на Свирeв и на неговите вработени, но пред сѐ во вкусните специјалитети излегуваат од нивната кујна.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page