Испечатете ја страната

Талентираниот Тодоровски сезоната ќе ја доигра на позајмица во Куманово!

2019 11 Јан

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Леонид Тодоровски (20 год., 207 см), сезоната ќе ја доигра во дресот на Куманово, каде што ќе биде на своевидна позајмица од нашиот клуб со цел да продолжи адекватно да го развива својот талент.

По завршувањето на обврските кај кумановци, тој повторно ќе се врати во нашиот тим со кој има договорна обврска за наредните две сезони (2019/20 и 2020/21). Станува збор за центар кој уште минатата сезона сериозно се наметна за работа со првиот тим, а за кого луѓето од клубот проценија дека ќе биде подобро привремено да продолжи во друг прволигаш, каде што секако би добил далеку поголема минутажа со оглед на исклучително силната конкуренција меѓу високите играчи во моментов во МЗТ Скопје Аеродром, особено по доаѓањето на Предраг Самарџиски.

Тодоровски сезонава на два меча доби шанса за настап во АБА2-лигата и тоа против Хелиос и Борац, а минатата сезона дебитираше и во најсилното регионално натпреварување и тоа на гостувањето кај Будуќност.