Испечатете ја страната

Блесок на Дамјан и Бојиќ за сигурна победа над Фени индустри!

2018 22 Дек

Со одлична игра во вториот и третиот период, кои ги добија со убедливи 60-36, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до триумф во вечерашната пресметка против Фени индустри (97-90), последна на домашен терен во 2018 година.

Гостите почнаа подобро и ја имаа контролата врз играта и резултатот во првото полувреме, но како одминуваше натпреварот така избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов сѐ полесно го надминуваа заморот од играњето нон-стоп на два фронта. Негативата прерасна во убедлива позитива, пред сѐ поради третиот период кој го добивме со 33-17, со што си обезбедивме мирен финиш и зачувување на дел од силите за последниот годинешен меч, в среда на гости кај Борац Чачак од АБА2-лигата.

Дамјан Стојановски одигра фантастично и со 26 поени и седум скока беше убедливо најдобар во МЗТ Скопје. Одличен беше и Андрија Бојиќ со 23 поени, додека Џејмс Вудард, Маарко Симоновски и Андреј Магдевски реализираа 15, 12 односно 11 поени.

Со овој триумф, МЗТ Скопје Аеродром првиот дел од македонското првенство го завршува како третопласиран со учинок 8-2.