Испечатете ја страната

Кожув архивиран, утре против Фени за место во 13-тото финале во Купот!

2017 17 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром успешно ја минаа првата пречка на завршниот турнир од Купот на Македонија, откако вечерва, во последниот четвртфинален меч, со константна доминација го совладаа тимот на Кожув со 83-72.

Нашите кошаркари одлично го почнаа мечот и по само четири минути на семафорот стоеше резултатот 15-0. Двоцифрената предност ја одржувавме до крајот на првиот период, додека во втората четвртина дојде мало опуштање во составот на Анте Назор, кое гевгеличани го искористија и на три минути до полувремето намалија на само еден поен разлика (35-36). Но, до крајот повторно одигравме концентрирано и на одмор заминавме со сосема солидни девет поени предност (47-38). Во третиот дел од играта повторно одржувавме комфорно двоцифрено водство доволно за сигурен триумф.

Џош Скот постигна 24 поени со девет скока и три блокади, Ѓорѓе Дреновац реализира 24 поени додека Јуре Лалиќ средбата ја заврши со 11 поени и шест скока.

Во утрешното полуфинале, од 20.30 часот, нашиот состав ќе ги одмери силите со домашниот состав на Фени индустри и ќе се обиде по 13-ти пат да се најде во големото финале од Купот на Македонија. Претходно, од 18 часот, во втората битка за финале силите ќе ги одмерат Карпош Соколи и Работнички.