Испечатете ја страната

МЗТ Скопје преку Куманово до финалето на Супер Купот

2015 26 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа составот на Куманово и се пласираа во финалето од Хуваеј Супер Купот кој се денес и утре се одржува во Охрид. МЗТ Скопје иако имаше сигурна предност во текот на три четвртини, сепак во тесна завршница славеше со резултат од 78-75. Ѓорѓе Дреновац со 24 поени и 7 скока беше најдобар играч во победничкиот состав. Дамјан Стојановски беше стрелец на 19 поени, а со двоцифрен учинок беа уште и Протиќ со 13 поени и Луковиќ со 11 поени.

Во утрешното финале кое на програмата е од 19.30ч, МЗТ Скопје за противник ќе го има тимот на Работнички кој во првото полуфинале беше поуспешен од тимот на Кожув.