Испечатете ја страната

ХУАВЕЈ СУПЕР КУП 2015

2015 23 Сеп

Четирите најдобри екипи од минатата сезона во двете домашни натпреварувања, Првенството и Купот, ќе атакуваат на премиерниот трофеј во новата сезона - пехарот во ХУАВЕЈ СУПЕР КУП 2015.

Во првиот ХУАВЕЈ СУПЕР КУП 2015 кој ќе се игра како турнир ќе учествуваат шампионот МЗТ Скопје Аеродром, победникот на Купот Работнички и финалистите во двете национални натпреварувања Куманово и Кожув.

Во првото полуфинале во сабота од 17 часот и 30 минути ќе играат двете најдобри екипи од купот на Македонија, Работнички и Кожув, во 20 - 15 часот за вториот финалист во ХУАВЕЈ СУПЕР КУП 2015, ќе решава дуелот меѓу шампионот и вицешампионот, МЗТ Скопје А. - Куманово.

Националниот телевизиски сервис МТВ ќе врши директни преноси од сите три натпревари. Натпреварите ќе се играат во салата Билјанини Извори, Охрид.