Испечатете ја страната

Сабота 17.00ч, МЗТ Скопје Аеродром-Кожув

2015 20 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утревечер на домашен терен го играат првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија каде за противник го имаат тимот на Кожув од Гевгелија. На денешниот прес по повод натпреварот со Кожув, тренерот и капитенот на МЗТ Скопје Аеродром ги искажаа своите очекувања.

Одбраната на трофејот од лани е наша обврска, како и продолжување на традицијата долга три години. Добро го познаваме Кожув иако тие го менуваа тимот и тренерот во однос на првиот дел од сезоната. Имаме дополнителна обврска што играме пред својата публика. Пред сѐ треба психички да се подготвиме. Знаеме дека сите екипи се максимално мотивирани против МЗТСкопје. Но, знаеме кои бои ги носиме на дресот и знаеме што треба да пружиме“-изјави капитенот на МЗТ Скопје, Урош Лучиќ.

Верувам дека сме подготвени за одбрана на куп-титулата. Пруживме добри игри на последните натпревари во АБА-лигата, но немавме резултат, но против Работнички конечно покажавме дека нашата форма е на завидно ниво. Сега размислуваме само на Кожув, која е квалитетна. Девет победи во БИБЛ-лигата не е мала работа. Но, противникот е анализиран и верувам во позитивен исход“,- изјави тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Јончевски.
Дуелот помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Кожув се игра во сабота (21.02.2015) со почеток од 17.00 часот со бесплатен влез за љубители на кошарката. Во вториот полуфинален дуел од 20
:30ч се среќаваат Работнички и Куманово.