Испечатете ја страната

Корекција на цените за Купот на Македонија

2015 17 Фев

КК МЗТ Скопје Аеродром ја информира јавноста дека по барање на клубовите учесници, ќе се корегираат првичните цени на билетите за натпреварите од полуфиналето и финалето од Купот на Македонија, кој овој викенд ќе се игра во СЦ Јане Сандански.

Со новата одлука, влезниците за полуфиналниот дуел меѓу Работнички и Куманово ќе изнесуваат 150 денари, додека 200 денари ќе чини влезницата за финалниот дуел кој е закажан за недела со почеток од 20.30 часот.
За првиот полуфинален натпревар помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Кожув со кој ќе биде отворено овогодинешното издание од Купот на Македонија, влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.