Испечатете ја страната

МЗТ Скопје домаќин на Купот на Македонија 2015

2015 29 Јан

МЗТ Скопје Аеродром и СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат домаќини на Фајнл Фор турнирот од 23-то издание на Купот на Македонија. Ова е одлучено по завршувањето на јавната лицитација за организатор на Купот, на која учествуваше и КК Куманово. Македонскиот кошаркарски шампион предложи Финалниот Турнир да се игра на 21 и 22 февруари (сабота и недела), наместо на претходно предвидените 20 и 21 февруари (петок и сабота).

Во наредните денови ќе биде објавен и точниот термин на извлекувањето на полуфиналните двојки, каде организаторот на турнирот ќе ги соопшти и првите детали околу организацијата. На Фајнл Фор турнирот ќе настапуваат МЗТ Скопје Аеродром, Работнички, Куманово и Кожув.