Испечатете ја страната

Бесплатен влез за мечот со Гоце Делчев

2015 27 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утревечер во СЦ Јане Сандански ќе го одиграат возвратниот дуел од четвртфиналето на Купот на Македонија против тимот на Гоце Делчев. По првиот одигран натпревар во Штип, МЗТ Скопје Аеродром славеше убедливо со резултат  64-91, и е пред официјална промоција како четврти учесник на завршниот турнир.  Претходно, учество на турнирот кој е планирано да се одржи во периодот од 21.02-22.02.2015 обезбедија екипата на Кожув, Работнички и Куманово.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром и Гоце Делчев е закажан за среда (28.01.2015) во 18.00 часот, а влезот е бесплатен за сите љубители на кошарката.