Испечатете ја страната

МЗТ Скопје убедлив во Штип

2015 21 Јан

МЗТ Скопје славеше над Гоце Делчев на гостувањето во Штип со резултат 64-91 во првиот четвртфинален натпревар од Купот на Македонија кој се одигра вечерва.  Избраниците на тренерот Јончевски уште од самиот почеток наметнаа јако темпо и уште по првата четвртина обезбедија двоцифрена предност.  Високото водство на МЗТ Скопје во текот на мечот овозможи поголема минутажа да добијат помладите кошаркари кои поретко добиваат шанса за настап.

Бобан Стајиќ беше најефикасен играч на МЗТ Скопје 16 поени. Со двоцифрен број на поени беа уште и Кире Николовски со 13, Диксон и Шеховиќ со по 12, Лучиќ 11, Самарџиски и Мекиќ со по 10.

Во поразениот состав Караколев постигна 17, додека Голубовиќ мечот го заврши со 13 коша.

Стефан Синовец, Александар Цветковиќ и Овен Класен поради повреда го пропуштија вечерашниот дуел.

Реванш натпреварот помеѓу овие два тима ќе се одигра во СЦ Јане Сандански во среда на 28.01.2015.