Испечатете ја страната

МЗТ Скопје Аеродром - Кожув 78-70

2014 09 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа тимот на Кожув со резултат 78-70 и се пласираа во финалето од Купот на Македонија. Актуелниот шампион влезе одлично во мечот и многу брзо создаде предност која во текот на трите периоди констатно ја зголемуваше за да во 28-та минута го има и најголемето водство од плус 19 поени разлика во своја корист. Во последната четвртина пад во играта за тимот на МЗТ Скопје, па Кожув успеа да ја намали негативата на само четири поени разлика. Дамјан Стојановски беше играчот кој во последните три минути  ја превзема одговорноста во тимот на МЗТ Скопје и со 7 реализирани поени во тој период успеа да го однесе тимот од Аеродром во големото финале.

 


Дамјан Стојановски средбата ја заврши како прв стрелец со 20 постигнати поени и 6 скока. Со двоцифрен број на поени во тимот на МЗТ Скопје беа уште и Чековски со 15, Шеховиќ 13 и Дејвис 12.

 

Поранешниот играч на МЗТ Скопје, Игор Мијајловиќ беше најпрецизен во составот на Кожув со 12 поени, а добра игра прикажаа уште и Гоцевски со 11 и Божовиќ со 10 поени.

 

Противник на МЗТ Скопје Аеродром во големото финале е тимот на Лирија кој во вториот полуфинален дуел беше поуспешен од Куманово со 81-73.