Испечатете ја страната

МЗТ Скопје Аеродром - НБА Чаир 80 - 55

2014 08 Фев

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е победник на Купот на Македонија во младинска категорија откако денеска во финалето го совладаа тимот на НБА Чаир со резултат 80-55 (19-14, 20-13, 25-15, 16-13). Избраниците на тренерот Небојша Ѓуковиќ беа подобар противник во текот на целиот меч и сосема заслужено се освојувачи на куп-трофејот. Најефикасни во победничкиот состав беа Андреј Цветковски со 23 поени и 7 скока, Михајло Арсоски со 21 поен и 10 скока и Љубомир Младеновски со 12 поени, 17 скока, 3 блокади и 3 украдени топки. Младеновски беше избран и за најкорисен играч на финалниот натпревар.