Испечатете ја страната

МЗТ Скопје Аеродром - Струмица 100-75

2014 06 Фев

МЗТ Скопје Аеродром со триумф над Струмица го започна завршниот турнир од Купот на Македонија во кошарка кој се игра во Охрид. Средбата стартуваше со серија од 10-0 на тимот на Струмица, но избраниците на Зоран Мартич многу брзо се вратија во игра со одговор од 16 последователни поени по кои што МЗТ го превзема водството и во ниеден момент не го испушти. На крајот убедлив триумф за МЗТ Скопје од 100-75 и пласман во полуфиналето каде што ќе ги одмери силите со тимот на Кожув кој во второто четвртфинале беше поуспешен од Фени Индустри 76-59.

Александар Цветковиќ и Ѓорѓи Чековски со по 15 поени го предводеа тимот на МЗТ Скопје во бројот на постигнати поени. Покрај нив со двоцифрен број на поени беа уште и Дамјан Стојановски со 14, Кејд Дејвис со 13 и Тодор Гечевски со 10 поени.

Кај противникот Бранислав Џекиќ постигна 19, Мареља имаше 14, додека Стојанов средбата ја заврши со 12 поени.

Следниот натпревар во рамките од полуфиналето на Купот на Македонија е закажан за сабота со почеток од 17.30ч