Испечатете ја страната

Познат распоредот на натпреварите од Купот на Македонија

2014 31 Јан

Денеска во прес салата на СЦ „Борис Трајковски” во организација на Македонската Кошаркарска Федерација (МКФ) се одржа влечење со кое се одреди распоредот на натпреварите на завршниот турнир од Купот на Македонија кој ќе се одржи од 6-ти до 9-ти февруари во СРЦ „Билјанини Извори” во Охрид.

 

Актуелниот освојувач на Купот, екипата на МЗТ Скопје Аеродром во четврт финалето ќе стартува против тимот на Струмица, во меч кој е закажан за четврток (06.02.2014) со почеток од 17.30 часот. Подобриот од овој дуел во полуфиналето ќе ги одмери силите со победникот од натпреварот помеѓу Кожув и Фени Индустри. Полуфиналните натпревари се планирани за сабота (08.02.2014), додека големото финалето е закажано за ден подоцна, со почеток од 17.30ч.

 

Ние го немавме тој луксуз како останатите тимови еден месец да се подготвуваме за ова натпреварување. Пред нас е важниот меч од АБА-лигата против Мега визура. Засега немам информации за Струмица, не би сакал ова да изгледа потценувачки, бидејќи ние во изминатиот период немавме време да ги анализираме домашните тимови. По завршување на мечот од АБА лигата ќе почнеме со подготовки за Купот. Ние сме фаворити, наша обврска да ја оправдаме таа улога“ - изјави тренерот Зоран Мартич.

Целосен распоред

 

Четврток 06.02.2014 четвртфинални натпревари
17:30 МЗТ Скопје Аеродром-Струмица
20.00 Кожув-Фени Индустри

Петок 07.02.2014
17:30 Работнички-Куманово
20:00 Лирија-Карпош Соколи

 

Сабота 08.02.2014 - полуфинални натпревари
17:30 МЗТ/Стр – Кож/Фен
20:00 Раб/Кум – Лир/Кар

 

Недела 09.02.2014
17:30 Финале