Испечатете ја страната

Пуштени во продажба билетите за претстојните средби со Лиеткабелис и со ФМП!

2016 14 Ное

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром би сакал да ја информира спортската јавност дека од денеска (14 ноември) почнува продажбата на влезниците за двете претстојни средби на домашен терен во салата „Јане Сандански“ и тоа в среда (16 ноември) против Лиеткабелис (19 часот) во рамки на 6. коло од Еврокупот и в петок (18 ноември) против ФМП (18 часот) во рамки на 10. коло од АБА-лигата.

Цената на билетите за овие два меча е идентичен како и на речиси сите претходни досега во двете реномирани натпреварувања и изнесува 100 (сто) денари. Влезниците може да се купат на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и он-лајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.