Испечатете ја страната

Гран Канарија, сепак, пресилна за МЗТ Скопје Аеродром

2016 09 Ное

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа и четвртиот пораз во Еврокупот сезонава, овој пат од исклучително силната шпанска екипа Гран Канарија (75-98) и тоа на домашен терен во меч во кој на полувремето се чествуваше 20-годишниот јубилеј од победата над големиот Реал Мадрид.

Сино-белите повторни ги прикажаа истите слабости како на поголемиот дел од средбите сезоната, во делот на изгубените топки и дозволените офанзивни скокови, но на моменти и одиграа рамноправно против тимот кој дефинитивно е еден од главните фаворит за триумф во Еврокупот. Проблемите со повредите одново беа тука, Шарлон Клоф и Марко Симоновски не играа, а Ѓорѓи Дреновац и Сулејман Диабате беа ровити.

Џош Скот со 22 поени и 10 скока беше најдобар кај МЗТ Скопје Аеродром, одлична партија прикажа младиот Адем Мекиќ со 11 поени додека Ксавиер Темс реализира 15 поени.

Следниот меч од второто по квалитет клупско натпреварување го играме следната среда против Лиеткабелис повторно на домашен терен, а претходно, в недела, ќе ѝ гостуваме на словенечка Крка.