Испечатете ја страната

Пуштени во продажба билетите за домашното „сефте“ во Еврокупот против Цедевита!

2016 25 Окт

Кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром би сакал да ја информира спортската јавност кај нас дека од денеска (25 октомври) почнува продажбата на влезниците за претстојната средба против хрватска Цедевита, закажана за 26 октомври (среда) во салата „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот, а во рамки на 3. коло од второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Цената на билетот за домашното „сефте“ сезонава во Еврокупот изнесува стандардни 100 (сто) денари и истиот може да се купи на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и он-лајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.